Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Marks i marksizmot (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
Seminarska rabota po predmetot
Politikologija
na tema:
Marks i marksizmot
VOVED
Карл Маркс (Трир, 5 мај 1818 - Лондон, 14 март 1883) бил германски филозоф, политички економист и револуционер. Еден е од најистакнатите претставници на Меѓународното здужение на работниците (попознато како Прва интернационала) и е втемелувач на марксизмот.
Роден е во граѓанско семејство, кое во периодот на Марксовото раѓање од јудаизам преминува во христијанство. Неговиот тако бил адвокат, човек восхитен од идеалите на Француската револуција (1789), со длабоки либерални чувства, во чиј дух го воспитувал и својот син.
Маркс матурира 1835 година, во родниот град Трир. Студира право: прво, на универзитетот во Бон, потоа во Берлин. Дипломира 1841 година. Истата година го брани својот докторски труд од областа на античката филозофија, насловен За разликата помеѓу Демокритовата и Епикуровата филзофија на природата. Во текот на своето студирање, Маркс е близок до младохегелијанците, познати уште и како левохегелијанци. Како левооренирани млади интелектуалции тие критички се однесуваат кон германската стварност, особено кон пруската монархија и кон религијата, сметајќи ги за основни виновници за состојбата во тогашна Германија (Прусија), која, според нивното мислење, била неспоредливо подолу од историското ниво на тогашна Франција, Англија, Белгија или Холандија, кои, за разлика од феудалистичка Прусија, биле веќе развиени капиталистички земји. Најистакнати мислители од тој младохегелијански круг биле: Мозес Хес, Арнолд Руге, браќата Едгар и Бруно Бауер. Извесно време на овој интелектуален круг му припаѓал и Лудвиг Фоербах.
Помеѓу младохегелијанците бил и Фридрих Енгелс. До првата вистинска средба помеѓу Маркс и Енгелс доаѓа во 1844 година во Париз, каде што Маркс бил веќе преселен со неговата сопруга. Во Париз поминуваат десетина дена заедно, доаѓајќи до сознанието дека нивните мислења се идентични и дека веќе битно се разликуваат од мислењата на нивните дотогашни истомисленици, младохегелијанците. Така, доаѓа до пишување на нивната прва заедничка книга Светото семејство (1844) со јасни алузии на младохегелијанците. Наредното нивно дело е Германска идеологија (1846). Ова дело, забрането од цензурата, не било никогаш издадено за време на нивниот живот. Помеѓу Светото семејство и Германската идеологија Маркс ги пишува Тезите за Фоербах, кои, сеедно што како текст не се обемни, се сметаат за еден од најзначајните Марксови философски текстови, во кој на кондензиран начин е дадена суштината на новата философија. Најпознати се според последната, единаесета теза: „Философите само различно го толкуваа светот, меѓутоа станува збор за тоа тој да се измени“, инаугурирајќи ја на тој начин идејата за филозофијата како чинител во измената на стварноста, а не само како нејзин толкувач/интерпретатор, која само надворешно ѝ приоѓа на стварноста. Всушност, низ сите единаесет тези провејува Марксовото инсистирање врз категоријата пракса (praxis), како темелна категорија на неговата философија и како принцип на неговото живеење: светот не само да се знае, туку, знаејќи го, и да се менува, бидејќи само така философијата може да ја оствари својата вистинска функција.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!